ВЕСТИЗДРАВСТВО

Цвеќињата како лек

Не само што служат за да ни го разубават дворот или домот, цвеќињата имаат и многу повеќе намени во корист на луѓето. Дел од нив се користат и како состојки при домашно лекување.

На пример хибискусот, чиј цвет изгледа прекрасно, се употребува во билната индустрија, како чајна напивка која има голема позитивна улога во дигестивниот и имунолошниот систем.

Сончогледот, чиви семиња се богати со витамини и минерали делуваат на подобрување на дигестивниот систем, го контролираат крвниот притисок и здравата кожа.

Лавандата го украсува дворот исполнувајќи со својот прекрасен смирувачки мирис. Цветните пупки се користат како видови во готвењето и маслото од неа се користи за лекување на изгореници и рани.

Убавата камилица ја користиме за нега на кожата, помага при болки за време на настинките и сувото грло.

Ноќниот јасмин се користи често во Ајурведата како лек за болките во колената или пак, болки во грлото.

Црниот слез е сојузник на имуниот систем, така што превенира бактериски инфекции.

Но, сепак, пред да се одлучите да употребите некој од овие препарати задолжително консултирајте се со лекар или со фармацевт.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button