СПОРТФУДБАЛ

Тухел го посакува Ентони Бери, кој е во стручниот штаб на Челзи

Неколку дена по преземањето на тренерската функција во Баерн минхен, Томас Тухел успеа да ги налути своите поранешни работодавци во Челзи. Стручњакот кој го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на германскиот шампион беше малку невнимателен на прес-конференцијата кога зборуваше за идните соработници. Тој пред медиумите откри дека сака во својот тренерски тим да го ангажира Ентони Бери, кој моментално е во стручниот штаб на Челзи.

„Мојот тим на соработници не беше подготвен за ова, па морам да им се заблагодарам и на нивните семејства за нивната флексибилност. Арно Мишел и Џолт Лев, кои работеа со мене десет години, повторно ќе бидат со мене. Се надевам и Ентони Бери, кој моментално е во Челзи“, изјави Тухел.

Лондонскиот клуб сега се бори да го задржи Бери, а извештаите од „Стемфорд Бриџ“ велат дека се многу лути на Тухел што излезе во јавност со тоа. Бери наводно е подготвен да ја прифати поканата на новиот шеф на Баерн.

Бери дојде во Челзи кога на клупата беше Френк Лампард, но имаше и многу добра соработка со Тухел. Тој остана и во стручниот тим на Грем Потер, а работеше и со Роберто Мартинез кога тој ја предводеше Белгија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button