ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тупанчевски се премисли за планот „Б“ за судовите и обвинителствата

Министерот за правда Никола Тупанчевски ги повлече зборовите за реорганизација на судовите и обвинителствата. Тој сега вели дека во рамките на законот тоа треба да го сторат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. На овој начин тој ретерираше од ставот за мешање во автономијата на институциите, изразен пред неколку дена кога рече дека има план „Б“, за реорганизација на работата во овие институции.

Обвинителката за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска, вели дека покрај пензионирањето на обвинителите, овој орган се соочува со уште еден проблем.

Од 42 пензионирани судии на 1 јули, четворица беа управни судии.

„Четворица судии заминаа во пензија. Мора да се најде брзо решение за судот да не остане без решение, бидејќи има голем број предмети кои чекаат разрешница“, рече Бурим Сејдини, претседател на Управен суд.

За пензионирањето на двајцата судии, Киро Здравев како врховен судија и Зоран Теофиловски од Апелациониот суд во Гостивар кои се и членови на Судскиот совет со мандат до декември 2024 година. Но, според претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, нивното пензионирање не влијае врз нивниот мандат во Советот. casino arab

„Не зборувам како претседателка на Уставниот суд, туку како судија со 40-годишно искуство. Мојот личен став е дека на членовите на Судскиот совет не им истекува мандатот поради пензионирање. Во моментот кога се избираат членовите, во повеќето случаи тие повеќе не работат како судии, туку продолжуваат со својот ангажман во советот. Нивниот мандат според законот трае шест години. العب واربح المال الحقيقي Законот за Судски совет точно предвидува кога на член му завршува мандатот, но во тој закон нема одредба со која му го одзема мандатот поради пензионирање“, рече Кацарска.

Празнењето на судовите и во обвинителството започна на почетокот на месецов откако во Парламентот власта не успеа да ги изгласа измените во Законот за работни односи. Предлогот предвидуваше продолжување на мандатот на судиите и обвинителите, кои се пред пензија, за уште 3 години. كيف تلعب لعبة البوكر Обвинителството ќе има нови обвинители дури по Нова година, а потоа се очекува да бидат именувани и околу 30 нови судии.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button