ФУДБАЛ

Турам казнет со 40 илјади евра и шест натпревари поради плукање противнички играч

Германскиот фудбалски сојуз му изрече ригорозна казна на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах кој плукна во лицето на противнички играч во 13. коло од Бундеслигата на средбата со Хофенхајм (1:2) и доби црвен картон.

Одлуката на дисциплинската комисија e дисквалификација на играчот за следните шест натпревари, како и парична казна од 40 илјади евра.

Покрај тоа, клубот му ја одзеде месечната плата на францускиот напаѓач, која според „Билд“ изнесува 150 илјади евра и ќе биде донирана во добротворни цели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button