ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристички Охрид и Струга со нетрпение чекаат да чујат дали ќе работат за празниците

Угостителите од Охрид и Струга бараат олабавување на мерките во пресрет на претстојните Првомајски и Велигденски празници. Велат ситуацијата во угостителството и туризмот е повеќе од загрижувачка, па евентуалното работење за време на продолжениот празничен викенд на 1 и 2 мај и периодот потоа, може да им ги намали загубите кои ги трпат.

Сметаме дека уште оваа недела само нема да работиме, а потоа ќе почнеме. Секако со редуцирано работно време. Меѓутоа, барем за празници луѓето, секако и тој психолошки момент ќе влијае, да излезат малку и повеќе и да го надоместиме она што сме го пропуштиле – изјави Михаил Мишев, Претседател на Здружение на угостители на Охрид.

И во Струга со нетрпение очекуваат државата да ги олабави мерките затоа што топлото време веќе дозволува работа на отворено.

Колапс не знам дали ќе имаме, но сигурно е дека загубите се големи бидејќи оваа сезона нема да имаме некој поголем број на туристи. Ќе зависиме само од ветените ваучери од државата – рече Ерхан Папранику, Угостител од Струга.

Кај нас конкретно во хотелот ова е единствениот продажен пункт каде што ние работиме, меѓутоа колку може да се работи без физичко присуство на гости и клиенти во објектот. Не е возможно – нагласи Игор Иванов, Менаџер на хотел.

Мерката за неработење на угостителските објекти засега останува во сила сè до 27 април, односно до вторник. Дополнителен проблем за хотелско-угостителскиот сектор е што аранжманите со странски гости за почетокот на сезоната, односно за мај и јуни се целосно откажани, а се никој не ги потврдува аранжманите за главната летна сезона.

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button