ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристички работници: Очекуваме туризмот да заживее во 2021

Туристичките работници сметаат дека без т.н ковид пасоши или вакцинални картони, нема да може да се замислат туристичките патувања ,по отварањето на границите и надминувањето на кризата со Ковид 19.

„Јас сум уверен дека ќе има вакцинален картон, со кој ќе се знае дали луѓето прележале Ковид, со сета серолошка анализа, со бројот на анти тела,игм. Ќе има и податоци за вакцинирањето“.

Аголи вели дека токму земјава важи за поевтина дестинација во однос на многу други и оти тоа треба да се искористи.

„Со самото тоа што се предвидува да се вакцинираат 50 % од населението до мај месец во Западна Европа, можеме да очекуваме дека после тоа заклучување кое и тие луѓе го доживеаа во 2020 година, ќе бараат дестинација во која ќе може со многу помалку пари да поминат, отколку во другите традиционални свои дестинации.А, ние сме реално поевтина дестинација“.

Туристичките работници се надеваат дека 2021 ќе биде добра година за турзимот.

„За сега најавите се добри.И странскиот пазар се надева дека ќе се вратат работите барем како што беа во 2019 година, кога имавме една навистина многу успешна сезона. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата со пандемија и вакцината, да знаеме со што ќе располагаме. Во главно тоа се аранжманите кои се враќаат од претходните години, Холанѓани, Полјаци“.

2020 година беше меѓу најтешките во историјата на македонскиот туризам.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button