ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Иванов: Туристичкиот капитал да остане во нашите летувалишта

Туристичкиот сектор повеќе се занимава со аранжмани за странство отколку за летувања во нашата земја, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат туристичкиот работник, Ангел Иванов. Како што додава тој, напорите на секторот се капиталот, во услови на економска криза, да остане во државата наместо да се изнесува во надворешните дестинации.

„Се надевам дека ќе биде успешна, бидејќи некако тргна…има интерес, има потреба, но малку сум разочаран, ниедна агенција не нуди – Македонија. Тунис, Египет, Грција и други надворешни дестинации, што ќе направи голем финансиски одлив и покрај сиот труд што се прави да се задржат гостите во земјава. Имаме солидни капацитети кои може да направат солиден одмор. Очекувам така да биде“, вели Иванов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button