Туристичките работници бараат акција од надлежните
Туристичките работници бараат акција од надлежните
Министерството за туризмот и култура да не остане само на хартија и слепо да ги следи проблемите во туризмот апелираат туристичките работници. Има многу проблеми, за кои велат дека час поскоро треба да се решат. Треба новото министерство да обрне посебно внимание на намалување на сивата економија и регулирање на проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи.
„Охрид најповеќе губи од таа сива економија.Околу 60% до 65 % од прометот во туризмот во Охрид е на база на сива економија.Замислете колку губи буџетот на Охрид и државата. Минатата власт донесе едно неразумно решение посебно за водичите да може странци да водат во Македонија“, рече Владо Суклоски-туристички работник.
Сериозен проблем останува и лошата инфраструктурата која води до Охрид и Струга.
„Од Владата прво очекуваме да почнат да работат на инфраструктурата, на решавање на патната инфраструктура. Да се доврши под итно авто-патот Охрид-Кичево и да се адаптираат и да се обноват сите други патишта“, рече Јаким Маленско-сопственик на туристичка агенција.
Со помош на државата треба да се направи и стратегија дали Охрид ќе биде дестинација за ефтин туризам или дестинација за побогата клиентела.
А иако поминаа неколку месеци од формирањето на новата Влада, според информации на Алсат во министерството за култура и туризам, се уште не е формиран секторот за туризам и оти тоа ќе се случи после Нова Година.Алсат праша во Министерството за култура и туризам, кои се нивните планови за решавање на овие проблеми но одговор не добивме.