ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Туризмот бавно се лекува од пандемијата

Туризмот бавно се лекува од пандемијата

Ќе бидат потребни неколку години за туризмот во Охрид и Струга да го достигне нивото од 2019-ттата. Имено, тоа беше најдобра година последните 20-тина години, како по бројот на посетители, така и по бројот на ноќевања, вели професорот на факултетот за туризам, Цветко Андреески. Сепак тој очекува оваа летна сезона, да биде подобра во однос на претходни две, особено од 2020, кога поради ковид пандемијата, сезоната пропадна.

„Како и да е овој период треба да го искористиме на најдобар начин за да се презентираме Македонија како дестинација на оние пазари кои традиционално се зони за нашата држава и веќе следната година да имаме над 80% од бројот на остварени ноќевања по однос на она што сме го имале во 2019 година“, рече Цветко Андреески-професор на факултет на туризам.

Во 2019 година беа регистрирани 3.200.000 ноќевања со 1.187.000 туристи, Директорот на агенцијата за поддршка на туризмот, порачува дека многу помудро ќе мора да се развива туристичката дестинација во иднина.

„Дека многу повеќе ќе го цениме квалитетот за разлика од квантитетот на туристи. Всушност новата реалност во туристичкиот сектор е многу повеќе вонпансионско трошење, нови атракции, подобра услуга и секако тоа што во изминатите неколку години не успеавме, а тоа е да вложуваме многу повеќе во човечките ресурси но и да имаме подобра соработка помеѓу високите институции, државните институции, приватниот сектор, за да можеме да создадеме конкуретни млади кадри, кои понатаму ќе го развиваме туристичкиот сектор“, изјави Љупчо Јаневски-директор на Агенција за туризам.

Јаневски очекува оваа година да заврши со 2,6 милиони ноќевања.
Инаку најдобрата година во туризмот покрај Охридското езеро беше 1987-кога имало 4 милиони ноќевања. После 2001-ва година кога беше забележан пад од 50%, пандемиската 2020 година е најлошата во туризмот со пад од околу 60%./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button