ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туризмот на „стенд бај“ го чека јуни, повеќе оптимизам за домашни гости

Иако пандемијата со Ковид 19 полека стивнува, сепак туристичката сезона во Охрид и Струга останува неизвесна. И понатаму сите аранжмани со странски туристи се на чекање и останува неизвесно дали и колку од нив ќе се реализираат.

„Ќе имаме најголем број на домашни гости. Странски гости ќе има многу малку. Најави нема во голем број. Некои се индивидуални резервации, но тоа е многу мал број во споредба со она што го имавме пред две години. Реално како што ја следиме ситуацијата не може да очекуваме некој туристички бум оваа сезона“, рече Јаким Маленко-сопственик на туристичка агенција.

„Домашните гости се планира да исполнат еден поголем процент бидејќи не знаеме што ќе биде со странските гости. Сезоната е веќе почната. Ние во мај месец имавме гости, Холанѓани, Полјаци, а сега уште не се почнати. Има најава за втората половина на јуни, но и тоа ќе го видиме“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Некои не се оптимисти ниту дека ќе има домашни гости.

„И тоа што очекувавме дека нашите гости од Македонија би можеле да нè посетат како угостители, не верувам дека ќе доаѓаат бидејќи сите ќе отидат во Албанија, Црна Гора и други дестинации бидејќи веќе се отвораат“, вели Муса Рашид-сопственик на хотел.

Охрид и Струга надеж полагаат и во иселениците од странство кои летово се очекува да дојдат, а кои лани речиси ги немаше. Од ТАВ Македонија велат дека од крајот на јуни очекуваат враќање на речиси сите сезонски летови до Охрид. Засега се потврдени 13 авио-линии.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button