ВЕСТИСВЕТ

Турската лира падна близу историски најниското ниво по победата на Ердоган

Турската лира падна на речиси историски најниско ниво во однос на американскиот долар по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција.

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години.

„Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“, вели Хаснаин Малик, експерт во Телимер.

Тој смета дека има мали шанси претседателот на Турција по изборите да се врати на стандардната економска политика.

Ердоган во својот говор по изборната победа рече дека високата инфлација е горлив проблем во земјата и дека таа ќе падне, но економските аналитичари се уште се скептични.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button