Тужби до државата и штрајк најавува УПОЗ, ако нема решени за платите

Тужби до државата, штрајк и продолжување на протестите, се мерките за кои размискуваат синдикалците, како легитимни облици за изразување на незадоволството на вработените во државните институции, кои бараат зголемување на платите за 30 отсто.
– Овие денови се изначитавме декларативни соопштенија од Владата, преку кои Владата нѐ канеше на средби преку вас медиумите, а ние формално не добивме никаква покана за продолжување на дијалог. Бидејќи дијалогот не се води преку соопштенија и преку медиуми, Синдикатот на УПОЗ денеска поднесе формално барање за средба со претседателот на Владата, со кое бараме повторно продолжување на дијалогот кој еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии со одбивање на предложените колективни договори за додаток на плата, за овие вработени кои денеска протестираат со нас – рече Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии.