ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсен е малолетник кој признал вина за дел од пријавите

Дојави за бомби во средни училишта во Кавадарци

И денеска продолжија лажните аларми за бомби, а  Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“. Од МВР  велат дека малолетникот, инспириран од претходните пријави, откако видел дека дојавите со заканувачки содржини се испраќаат преку конкретен провајдер, пристапил кон тој оператор и на 4 ноември испратил порака за поставена бомба во четири средни училишта во Скопје. На 7 ноември со него бил извршен разговор и признал дека го сторил кривичното дело, а како што велат од МВР, го објаснил и начинот на извршување.

„Малолетникот, инспириран од претходните дојави за поставени  бомби во некои средни училишта на територијата на град Скопје, во периодот од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи видел дека пораките биле испратени до конкретен провајдер, кој нуди шифрирање и заштита на комуникацијата, по што на 04.11.2022 година од својот персонален компјутер, креирал електронска адреса во конкретниот оператор, преку која испраќал налози за поставување експлозив во четири средни училишта“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Спасовски и премиерот Ковачевски велат дека е тешко да се открие кој стои зад овие сајбер- напади.

Две средни училишта и три основни училишта во Кавадарци денеска беа мета на лажни бомби. Беа евакуирани учениците од овие училишта како и децата од градинка, во близина на едно од  училиштата. Во средните училишта во Скопје веќе подолго време се испраќаат заканувачки пораки со лажни аларми за бомби, а овие закани веќе неколку дена се проширени и надвор од главниот град./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button