ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсен за шверц на марихуана близок роднина на заменик-министерот во МВР, Назим Буши?!

Полицијата уапси три лица, еден државјанин на С. Македонија, еден на Албанија и еден од Косово. Сите се осомничени за кривично дело незаконска трговија со наркотици. Конфискувани се околу 60 килограми марихуана во регионот на Крушево. Уапсеното лице од земјава е 22-годишен скопјанец со иницијали Т.С. за кого извори на Алсат во полицијата посочуваат дека евентуално станува збор за близок роднина на заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши и брат на неговото обезбедување со иницијали С.С. На прашањето дали информациите се точни, кои се чекорите на полицијата и можната морална и кривична одговорност на заменик-министерот Буши, досега не добивме никаков одговор. Во полициското соопштение, за осомничениот Т.С. стои дека прво ѝ избегал на полицијата, но потоа бил фатен на дело.

МВР

„Поради сомнение дека во викенд куќа во крушевскотo село Врбоец се наоѓа поголема количина марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на крушевска фирма за производство на медицински канабис, со судска наредба извршен бил претрес во викендичката, при што се пронајдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.

Против осомничените е поднесена кривична пријава, а Јавното обвинителство им изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Полициската акција сè уште трае во магацините на субјектот овластен за транспорт на канабис за медицински цели.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button