ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Ученички си ги истрижија косите за перики за децата со леукемија

Ученички си ги истрижија косите за перики за децата со леукемија

Наредени со спуштена коса на грбот, над 40 ученички од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје се истрижаа. Косата ќе ја донираат за децата заболени од леукемија кои се лекуваат на Детската клиника.

„Косата што ја дадовме, нека стане надеж за вас, вашата насмевка вреди повеќе од сè“.

„Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш, попаметен отколку што мислиш и двојно поубав отколку што мислиш“.

„Не се откажувај, верувај, бори се и надевај се“.

Освен што даруваа коса, ученичките имаа и подароци за овие деца.

„Собравме и подароци што ќе им ги подариме на децата кои се на хемотерапија. Целта на сето ова што го започнавме беше да видиме радост кај овие деца. Чувството да ги правиш другите среќни е прекрасно“.

Учениците апелираа за итни контроли во случај ако кај некого се јават изнемоштеност, отежнато дишење, бледило, висока температура, појавување модрици без причина и црвени дамки на кожата.

„Доколку се открие доцна, може да се прошири низ телото, односно да предизвика компликации и сериозни здравствени проблеми. Важно е да се храните здраво, да спиете доволно, да се одморате и да се трудите да бидете активни“.

Овие активности беа организирани по повод Светскиот ден на здравјето и патронатот на средното училиште.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button