ВЕСТИМАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Ученици се противат да бидат оценувани со физичко присуство

Оценувањето со физичко присуство во училиштата не е прифатливо за многу средношколци. Во анкетата за Алсат, учениците велат дека не се согласуваат да одат на училиште за да бидат  оценуваат, бидејќи не беше дозволено наставата да се одвива физички во училиштата.

„Бидејќи нашето барање за физичко присуство не беше прифатено од министерството, тогаш зошто ние како ученици  треба да прифатиме оценување со физичко присуство. Ако не одржуваме настава со физичко присуство, јас нема да одам.

„Ако не одржуваме настава со физичко присуство, како е можно да се оди на училиште сега за да не оценуваат, зар сега нема вирус?

„Ако одиме во групи, јас сакам да прашам, зар нема вирус таму. „Не е разумно да се оди во групи за оценување, додека за настава со физичко присуство не е разумно да не се оди“, велат учениците.

Бурим Реџепи, наставник по информатика рече дека ќе ги оценува учениците со тест со прашања и одговори, според  семинарска работа и одреден проект. Тој додаде дека нема да се прават отстапки за време на проценката.

„Ќe има отстапки, но не во однос на оценувањето, туку олеснувања во давање на можности. Ако ученикот во овој случај не е задоволен со одредена оценка, тогаш има дополнително време и има дополнителен материјал за кој треба да се подготви, во зависност од времето. Може да му се даде една недела или 10 дена да ја добие  оценката што ја сака, но не отстапки во смисла ако оценката треба да биде тројка ние да му даваме петка, затоа што е пандемија. Така не“, вели Реџепи.

Пред неколку дена, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието објавија дека до 20 ноември учениците треба да ги добијат првите оценки за онлајн учењето. Бирото за развој на образованието исто така излезе со препорака оценувањето на учениците да се спроведува онлајн поради зголемувањето на инфекциите, но и со физичкото присуство на учениците доколку наставникот не може да го направи оценувањето од далечина, почитувајќи ги заштитните мерки против ковид-19. Во една училница не треба да има повеќе од десет ученици, а нивниот престој во училница треба да трае од 20 до 30 минути.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button