МАКЕДОНИЈА

Учениците Албанци од Бутел на регионални математички натпревари во март

Основците Албанци од Бутел кои не успеаја да учествуваат на општинските натпревари по предметот математика поради немање тестови по албански јазик ќе продолжат директно да учествуваат на регионалните натпревари кои ќе се одржат во март. Ова го соопшти претседателот на Сојузот на математичари, Ѓорѓи Марковски.

За овој предлог веќе се известени раководителите на училиштата, наставниците и родителите на учениците кои биле кандидати. Одлуката ќе биде соопштена утре. Според Марковски, тестовите на албански не доцнеле намерно, туку доцнела пратката преку карго. Биле пратени и во електронска форма, но не биле навреме испечатени поради технички проблеми.

На 4 февруари десетици ученици од Бутел од петто до деветто одделение ги бојкотираа општинските натпревари по математика бидејќи тестовите беа само на македонски. За учество секој ученик платил од 300 до 500 денари.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button