ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците и раководствата на училиштата задоволни од одлуката за повторно отворање на училиштата од септември

Учениците и директорите на основните и средните училишта ја поздравија одлуката на Владата за повторно отворање на училиштата за следната учебна 2021-2022 година, во случај ситуацијата со Ковид 19 да биде стабилна. За реализација на настава со физичко присуство, училиштата мора да ги почитуваат здравствените протоколи од претходната година, како што се мерење на температурата, носење маски, проветрување и дезинфекција на училниците.

Многу сме среќни што ќе одиме на училиште и нема да мора да учиме онлајн. Ќе се видиме со пријателите, ќе се забавуваме.

Подобро е со физичко присуство затоа што онлајн е многу тешко да се учи. Интернетот имаше многу проблеми, професорите се добри. Од 32 ученици, 13 или 14 учествуваа во наставата.

Сè е полесно, подобро ги разбираме лекциите. Ќе се видиме со пријателите. Честопати отсуствувавме од он-лајн наставата. Мрежата не работеше, немаше струја.

Од гимназијата во Гостивар ни рекоа дека се подготвени да ги отворат училишните врати за настава со физичко присуство. Според директорот, завршената учебна година се смета за неуспешна од педагошки и дидактички аспект.

„Ние како училиште имаме голем простор, затоа на почетокот на годината баравме да имаме настава со физичко присуство, затоа што мислиме дека ги исполнуваме условите, имаме простор, имаме средства, имаме сè што е потребно. Се надеваме дека ќе почнеме на 1 септември, да не се враќаме назад, туку да одиме напред. Целта на оваа година беше колку-толку да се спаси годината.“

Покрај целосното отворање на училиштата, Министерството за образование сепак, спрема две можни сценарија за следната учебна година. Од прво до четврто одделение настава со физичко присуство, а другите онлајн, односно како и досега, а второто сценарио една недела на училиште, една недела онлајн. Сè ќе зависи од здравствената состојба летово.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button