ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците од селата Брњарци и Идризова во општина Гази Баба го бојкотираат образовниот процес веќе две недели

Учениците од селата Брњарци и Идризова во општина Гази Баба го бојкотираат образовниот процес веќе две недели. Градоначалникот на Гази Баба молчи, министерката за образование, Мила Царовска рече дека не можe ништо да помогнe во овој случај бидејќи ова прашање е надлежност на локалната власт. Од друга страна, Царовска рече дека бојкотот на наставата е спротивен на интересите на децата и политичка кампања на сметка на учениците.

Од советот на родители на село Брњарци рекоа дека нема да се откажат од одлуката за бојкот додека не се реши проблемот.

„Децата си одат кај другари и ги прават домашните задачи, исто и онлајн и преку телефони. Додека не се најде решение за овие деца, ние сме во бојкот, а ако е потребно, нема да ги пуштиме цела година“.

Во подрачното училиште “Крсте Мисирков“ во село Брњарци, само 8 ученици учат на паралелките по македонски јазик. По завршувањето на часовите на овие ученици, училиштето се затвора, а околу 60 други ученици кои живеат во ова село се принудени да посетуваат настава во училиштата во Арачиново. Советот на родители не исклучува можност да организираат протести и блокирање патишта.

 Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button