ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштата ги завршија сите подготовки за почеток на учебната година

Исчистени и дезинфицирани училишта. Училниците уредени и снабдени со училишни наставни средства. Вака изгледаат основните училишта еден ден пред почетокот на учебната 2021-2022 година. Во основното училиште „Лирија“ во Скопје веќе пристигнаа и таблетите за ученици за социјални категории и други средства за реализација на новиот наставен концепт.

 

„Што се однесува до образовниот процес, бидејќи оваа учебна година првото и четвртото одделение ќе започнат со работа со новиот концепт, ги направивме сите подготовки. Наставниците ги поминаа потребните обуки во три модули, така што мислам дека сме подготвени од утре, соодветно да ги примиме учениците и да го започнеме воспитно – образовниот процес “.

Министерката за образование, Мила Царовска  потврдува дека и оваа учебна година ќе има разни предизвици. Но, како што додаде таа, образовниот систем е подготвен за секаков вид можно сценарио.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека образовниот процес ќе биде уште побезбеден доколку продолжи вакцинацијата на сите членови на семејството.

Комисијата за заразни болести го отфрли барањето на општините Струга и Кичево новата учебна година да се одложи или да се реализира онлајн, поради состојбата со „Ковид 19“. Според Филипче, факторите кои придонеле за влошување на состојбата во никој случај не можат да бидат поврзани со училиштата бидејќи тие досега не работеле. Според податоците на УНИЦЕФ, Македонија минатата година имаше 52-неделно отсуство на физичко присуство, додека во Европа отсуството на физичкото присуство во образованието беше 24 недели.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button