ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштата во општина Врапчиште без струја

Училиштата во општина Врапчиште без струја

Веќе две недели без струја се училиштето Галата, Врапчиште, Врановце и уште неколку училишта во општина Врапчиште.

Причината, според првиот човек на секторот за образование на општина Врапчиште е поскапувањето на струјата и немањето доволно блок дотации предвидени за плаќање на струја од страна на Министерството за образование.

„Во моментот кога зборуваме, немаме ниту едно училиште без струја. Ако зборуваме за приградските училишта Врањовце, Галате и Зубовце, точно е дека немаше струја за кратко, но денес сите имаат. Се снаоѓаме само со средствата што ни ги дава министерството и сега имаме предвид дека имавме покачување на струјата и горивото и сега немаме доволно пари за правилно да управуваме“, рече Зули Демири, раководител на сектор за образование, општина Врапчиште.

Првиот човек на општина Врапчиште, Исен Шабани, инсистира да се исполни барањето за продолжување на зимскиот распуст и зголемување на блок дотациите, бидејќи во зимските месеци кога на училиштата ќе им треба повеќе струја, но и гориво за греење, кризата ќе се продлабочи уште повеќе.

„Блок дотациите треба да се зголемат затоа што за општината тоа е голем товар за нас, иако ја покривме исплата. Очекуваме во наредните денови Министерството за образование да направи конкретен проект како ќе се распределат средствата во училиштата според бројот на ученици или во спротивно, да го прифати предлогот што ние како Полошки регион го доставивме“, изјави Исен Шабани, градоначалник на општина Врапчиште.

Покрај неколку училишта кои поради неплаќањето на сметките останаа без струја, една недела струја немаше ниту централното училиште. Поради оштетување на доводниот кабел од компанијата што ја гради спортската сала, стотици ученици останаа со темни училници една недела./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button