СПОРТФУДБАЛ

УЕФА, објавени кандидатите за тренер на годината

Роберто Манчини, Томас Тухел или Пеп Гвардиола? Еден од тројцата ќе биде избран за тренер на годината според УЕФА на настанот од каде ќе се одржи извлекувањето за групната фаза во Лигата на шампиони, што ќе се одржи на 26 август во Истанбул, Турција. Манчини го освои Евро 2020 со Италија, враќајќи ги „Аѕурите“ на врвот на стариот континент по 53 години. Тухел направи чудо со Челзи. Германскиот стратег го презеде лондонскиот тим во јануари и ја освои Лига на шампионите во мај. Во трка е и Пеп Гвардиола, кој освои два трофеи, титула и еден Куп и ги однесе „Граѓаните“ во финалето на Лига на шампионите. Тројцата тренери со најмногу гласови беа избрани од жири составено од 24 селектори на репрезентации кои учествуваа на ЕП 2020, заедно со 80 клупски тренери кои играа во групните фази 2020/21 во Лига на шампионите и Лига Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button