ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостители: Владата да исплати минимална плата и за јануари

Државна помош за исплата на минимална плата од 14.500 за вработените да има и за јануари бараат угостителите. За нив непходно е да нема престанок на оваа помош бидејќи секторот е во многу полоша состојба од претходно. Петтиот сет економски мерки да биде донесен што поскоро, за да не се случи затворање на дел од угостителските објекти поради лошата финансиска состојба.

„Со изминување на месец јануари, а во недостаток на петтиот пакет мерки кој се однесува на првиот квартал од 2021 година, повторно се доведуваме во состојба да бидеме оставени без финансиска поддршка, како што тоа се случи во неколку наврати и минатата година. Но овој пат секторот се наоѓа во многу потешка состојба поради што многу угостители ќе мора да ги затворат своите објекти, а континуирано напоменуваме дека тоа ќе се одрази штетно и на околу 30.000 вработени во овој сектор“, рече Мартин Ангеловски, Угостителски- туристички сектор.

Од Владата не откриваат колку од мерките предложени од страна на коморите и синдикатите се прифатени. Неофицијално ќе има продолжување на мерката за исплата на плати за вработените, но со измени за тоа кој ќе може да ја користи. За новиот сет според најавите на Владата засега се предвидени 50 милиони евра. Во петок се очекува владини претставници мерките ќе им бидат презентирани на коморите и синдикатите за да може заедно да ги прецизираат.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button