ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителите поделени за новите мерки од 16 август, проблем е легитимирањето на гостите

Угостителите да се подготват од 16-ти да ги почитуваат донесените мерки со цел да заштити здравјето на граѓаните. Ова е пораката на министерот за економија Крешник Бектеши по остварената средба со организацијата на угостители во Тетово. Според Бектеши, угостителите дале зелено светло за донесените мерки кои го засегаат нивното работење за да може да се спречи ширењето на заразата.

„Врвен приоритет секогаш ќе остане здравјето и безбедноста на секој граѓанин и токму повикувајќи се на тоа мото сите треба да ги почитуваме протоколите кои се во сила и да се надеваме дека токму во следниот период ќе се намали и бројот на заразени и на случаи со Ковид 19“, рече Бектеши.

„Да не должам многу, министерот многу добро истакна какви ќе бидат правилата, од 16-тти, па натаму, мислиме да ги почитуваме сите услови и правила, за да создадеме добро здравје и се најдобро“, рече Насер Хазвија- Организација на угостители.

Но, за друг дел од угостителите, новите мерки не се прифатливи. Од Независната угостителска комора за Алсат велат дека со новите мерки ќе им се загрози работењето, а и нема начин како да се легитимира кој смее, а кој не смее да влезе во затворениот дел од објектите. Што ако им дојде некој дипломат? Или пак, ситуација со странски државјанин кој носи наводен вакцинален сертификат на друг јазик?

„Невозможно е секој угостителски објект да ја обезбедни бараната задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација…“, велат од Независната угостителска комора.
Граѓаните пак, велат дека со оглед на растот на бројот заболени, рестриктивни мерки треба да има, но да не траат долго.

„Не требаше и претходно да има ослободување на мерките зошто нашиот народ не почитува. Не е касно да се воведуваат сега и од надвор земјите сега воведуваат за септември и октомври, а ние би требало до септември максимум да имаме мерки бидејќи децата ќе ни полудат од седење дома…“

„Треба да има како во Белгија, да има без потврда за вакцинација не можеш нигде да одиш, во ресторан“, рекоа граѓаните.

Од појавата на пандемијата, угостителскиот сектор помина низ низа рестриктивни мерки како целосно затворање, скратено работно време, намалување на бројот на гости и користење само на отворениот дел од објектот. Државата пак, дел од загубите им компензираше преку неколкуте пакет економски мерки.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button