ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителите повторно ќе протестираат, бараат неповратна финансиска помош

Угостителите од следната недела повторно на протест. Доколку Владата не им не им ги исполни доставените барања секој ден ќе излегуваат на протести. Бараат неповратна финансиска помош бидејќи рестораните за свадби, игротеките и сличните објекти за разни свечености се затворени 14 месеци, а другите угостителските објекти мометално се затворени поради актуелните рестриктивни мерки. Дел од угостителите не можат да ги подмират основните трошоци, а дел ги изгубиле објектите поради долгови кон банките.

Бараат неповратната помош од државата да се движи од 5 илјади до 16 илјади евра во зависност од типот на дејноста која ја вршат.

„….Пред да се донесат, сите знаат дека има најави за затворање, денот кога ќе се објават мерките, може да се излезе со став, да се каже, угостителските објекти ќе бидат затворени, за сметка на тоа ќе има таква помош и поддршка и не се секирајте луѓе стои државата позади вас, ќе преживеете. Во моментов тоа не го гледаме“, рече Мартин Ангеловски- Туристичко-угостителска комора.

За угостителите не е прифатлив предлогот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, да им бидат надоместени дел од приходите кои ги изгубиле поради неработење. Последната одлука на Комисијата за заразни болести е кафулињата и рестораните да бидат затворени до 21 месецов, но рестораните за свадби и понатаму ќе останат под клуч.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button