ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Угостителите во Охрид бараат да им се вклучи исклучената струја на плажите

Откако неколкуте најатрактивни плажи во Охрид од вчера беа исклучени од струја и не работат, нивните адвокати до охридскиот Основен суд поднесоа барање за одредување времена мерка забрана за одлуката. Се бара струјата да им биде повторно вклучена за да продолжат да работат.

„Да не им се расипат продуктите кои ги чуваат плажите на залиха во секој момент. Не постои основ за исклучување на струјата. Сметам дека со тоа се причинува значителна штета, како материјална, така и општествена за градот. Особено заради фактот што поголемиот број на правните лица не беа известени за исклучувањето“, рече Томислав Кичеец -адвокат.

Поранешните концесионери и понатаму инсистираат општината да им дозволи привремено да продолжат со работа.

„Да се размисли и најмалку барем до септември да можеме да работиме, а потоа da се најде решение кое ќе биде на задоволство на сите следејќи ги упатствата на УНЕСКО и да видиме каде може, каде не може, кој може и под кој упатства да работи“, рече Димитар Пендов-поранешен концесионер.

Адвокатите велат дека досегашните концесионери не се виновни што останале без концесија, иако во 2018 година имало процес за ново јавно наддавање, но поради грешки тоа било вратено на почеток. Адвокатите и закупците, не ја исклучуваат можноста за тужба, но од општината останува на ставот дека ќе ги отстранат сите нелегални објекти од плажите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button