УЈП: Поднесени само 6.253 ДДВ – 04 пријави – Рокот е до 27 јануари

Даночните обврзници со обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави тоа треба да го сторат до 27 јануари, кога истекува законскиот рок, потсетуваат од Управата за јавни приходи.
Последната состојба е 6.253 доставени пријави од вкупно очекуваните 41.531. Што во реализацијата на обврската засега претставува 15,1 процент. „Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови“, нагласуваат од УЈП.
„Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители, со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период. Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници“, порачуваат од Управата. Од каде што за дополнителни информации упатуваат на e-пошта: [email protected] и на телефонските броеви: 0800 33 000 (од фиксна линија) и 02 3253 200 (од мобилен телефон).