ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УКИМ на протест за повисоки плати: „Никогаш не било помизерно“

УКИМ на протест за повисоки плати: „Никогаш не било помизерно“

Професорите од Универзитетот Свети Кирил и Методиј го кренаа гласот за зголемување на платите. Сојузот на синдикати при УКИМ преку мирен протест денеска порача дека во историјата на овој универзитет состојбата на вработените никогаш не била помизерна од сега. Доктор по науки зема помала плата од просечната во земјава.

Револтирани се и вработените во универзитетската управа. Велат – врз нас паѓа цела работа, а ни плаќаат 18 илјади денари.

Протестот го поддржа и ректорот Никола Јанкуловски. Тој рече дека бил доставен допис до сите надлежни институции дека платите на вработените во УКИМ се ниски и оти мора да бидат зголемени.

Според Синдикатот на УКИМ, овој универзитет вработува над 2.400 лица. Во меѓувреме, во високото образование вкупниот број на вработени достигнува над 4.500. Од синдикатот бараат и итно потпишување на Колективниот договор за кој преговараат повеќе од една година. Доколку овие барања не бидат прифатени, следниот протест ќе се одржи пред Владата.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button