ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УКИМ не смее да тера студенти да потпишуваат изјави со кривична одговорност

Државниот просветен инспекторат му наложи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ да не бара изјави од студентите дека нема да се пријавуваат на ниту еден друг универзитет. Ваквото постапување е спротивно на Законот за високо образование, посочуваат од Инспекторатот. Просветниот инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Скопје откако Алсат алармираше дека студентите треба да потпишат декларација под морална и кривична одговорност дека нема да аплицираат паралелно на ниту еден од другите универзитети во земјава. Инспекторатот наложи и да не се бара изјава дека студентите нема да си ги бараат оригиналните документи што ги поднесуваат при пријавувањето најмалку три месеци, бидејќи и тоа е незаконско.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button