МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку Стража

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража. Забраната, што беше воведена во 09.45 часот поради обилни врнежи од снег, е укината во 12:05 часот.

Од АМСМ информираат дека останува во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар, воведена во 09.30 часот исто така поради обилни врнежи од снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button