СВЕТ

Украина добива леопарди и челинџер

Прв пат по почетокот на војната, Германија и Велика Британија на Украина ѝ доставија борбени тенкови. 18 германски тенкови Леопард 2 и британските тенкови Челенџер се стигнати во Украина, потврдија германската влада во Берлин и владата во Киев. Со тоа е излезено во пресрет на одамнешните молби од Киев до Западот за испорака на ваков вид тешко оружје, а тенковите веројатно ќе бидат употребени во идна украинска пролетна воена офанзива. Покрај тенковите Леопард, испратена е и муниција, а во Украина во меѓувреме се и 40 германски оклопни тенкови Мардер. И Полска веќе испрати одреден број тенкови Леопард од постар модел во Украина. Во изминатите два месеци на полигонот Минстер во германската покраина Долна Саксонија беше извршена обука на украински борци за тенковите Леопард.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button