ВЕСТИСВЕТ

Украина: Од излевањето на водата од уништената брана загрозени 16 000 луѓе

По уништувањето на браната Нова Каховка во областа Херсон на југот на Украина, Антон Герашченко, поранешен министер и актуелен советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави дека околу 16 000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата.

Герашченко објави видео за кое тврди дека покажува поплавено населено место.

„Околу 16 000 луѓе се наоѓаат во критичната зона во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепар. Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно“, пишува Герашченко.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button