ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Украина: Русија ни го краде житото!

Украинскиот претседател во своето обраќање на Економскиот форум во Давос повика на максимални санкции против Русија, како единствено оружје за борба против воената машинерија на Путин. Тој рече дека санкциите треба да продолжат и да вклучуваат и ембарго на нафта, блокирање на сите нејзини банки и целосно прекинување на трговијата со Русија.

“Вакви треба да бидат санкциите, да бидат максимални, за Русија и секој друг можен агресор кој сака да води брутална војна против својот сосед, јасно да ги знае директните последици од своите постапки. Тоа е преседан што треба да функционира во наредните децении“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба тврди дека Русите го крадат украинско жито и го продаваат во странство. Пченицата се товара на бродови кои потоа преку Босфор заминуваат кон други земји.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Русија ги користи резервите на храна како средство за војна, по зголемените цени на житариците, маслата за јадење и другите производи. Украина е еден од најголемите производители на пченица во светот.

„Во окупираната Украина од Русија, армијата на Кремљ запленува резерви на жито и машини, а руските воени бродови во Црното Море ги блокираат украинските бродови натоварени со жито и сончоглед“, изјави Урсула Фон Дер Лејен, претседател на европската комисија

Според Фон Дер Лејен, ова наликува на мрачниот период на советската конфискација на посевите и гладот од ‘30-тите години во кој починаа милиони Украинци. Германската влада ја обвини Русија за блокирање на пратка од 20 милиони тони жито од Украина, а полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека недостигот на залихи може да поттикне нов бран мигранти од Северна Африка кон Европа. Фон дер Лејен рече дека најдобриот начин да се спречи Русија да го наруши синџирот на снабдување со храна е преку глобална соработка. /Алсат.мк

Шкелзен Аќифи 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button