СПОРТ

Украинските спортисти нема да учествуваат таму каде се претставници од Русија и Белорусија

Владата на Украина им забрани на украинските спортисти да учествуваат на натпревари на кои се присутни претставници на Русија и Белорусија. Одлуката се однесува на сите натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Париз во 2024 година, пренесува Интерфакс Украина.

Министерот Олег Немчинов изјави дека украинската влада донела ваква одлука на предлог на министерот за млади и спорт, претседател на Националниот олимписки комитет Вадим Гуцајт.

Оваа одлука е одговор на новите правила на Меѓународниот олимписки комитет, кои им дозволуваат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на натпревари во поединечна конкуренција и под неутрално знаме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button