ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Улицата „Благоја Тоска“ во Тетово се влечка како пругата кон Бугарија, сега и Владата одврза ќесе

Не е место за продажба на автомобили. Ова е булеварот „Благоја Тоска“ кој повеќе од една деценија е во ваква состојба и чека да биде завршен. Не можеа да го завршат повеќе од една деценија неколку состави на општина Тетово. Затоа, Владата на синоќешната седница одлучи да одвои околу 30 милиони денари за завршување на овој историски булевар во Тетово, но колку навистина веруваат жителите дека ќе се заврши овој булевар?

Оф, оф, оф, аман. Јас сум од ова маало, живеам овде. Никогаш, никогаш нема да се направи. И ти што го правиш ова интервју, не веруваш.

 Велат дека ќе го сторат тоа, но сè уште не ги гледаме како работат тука, сè додека не ги видиме како работат тогаш ќе кажеме дека е вистина. Воопшто не им верувам на политичарите, бидејќи ветуваат, бргу ги земаат гласовите и нè оставаат на сред пат.

Не верувам, не верувам, не. Ќе остане вака долго.

 Но, од општина Тетово ветуваат дека работите ќе почнат напролет.

„Средствата доделени од Владата ќе бидат искористени за исплата на жителите. Вкупно има 16 станбени згради. За реализација на проектот за булевар општината одвои средства и работите ќе започнат на пролет, со што реализацијата ќе се одвива во пет фази. Фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, јавно осветлување со урбана опрема и зеленило.“

 

Владата овие средства од „програмата 20 за патишта и сообраќај“ ги доделува само неколку месеци пред локалните избори, за проекти за кои со години се издвојувале пари од општинските буџети, но не се завршуваат.

Владата со години одвојува пари за општински проекти кои никако не успеваат да дојдат до крај. Такви се Благоја Тоска во Тетово, кружниот тек кај Момин Поток во Скопје, улицата Илинден во Центар Жупа и многу други.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button