СВЕТ

Унгарија одобри четврта доза од антиковид вакцината

По консултација со лекар, Унгарците ќе имаат можност да се вакцинираат со четврта доза против ковид, изјави Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот, Виктор Орбан.

Вчера, пак, Данска стана првата земја-членка на ЕУ која ја одобри четвртата доза од антиковид вакцината за најранливите граѓани. Четврта доза од вакцината против ковид-19 претходно одобрија и Израел и Чиле.

Унгарија во моментов се наоѓа во петтиот бран на ковид-19 кој беше предизвикан од високозаразната варијанта на коронавирусот омикрон.

Од вкупно 9,8 милиони жители во Унгарија, нешто повеќе од шест милиони Унгарци се вакцинирале со најмалку две дози од вакцината против ковид-19, а 3,3 милиони жители примиле трета доза од антиковид вакцината.

Во Унгарија од почетокот на пандемијата починале повеќе од 40 000 луѓе како последица на компликации од ковид-19.

Во време кога некои земји веќе почнаа да одобруваат четврта доза од вакцините против ковид-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) предупреди оти повторувањето на засичувачките дози на вакцината на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button