ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Унгарската претседателка Каталин Новак во посета на Скопје

Унгарската претседателка Каталин Новак денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, соопшти Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски. Според најавите, Новак ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button