ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Управата за културно наследство е информирана од медиумите за напредокот на археолошките истражувања во Корошиште – Струга

Управата за културно наследство е информирана од медиумите за напредокот на археолошките истражувања во Корошиште - Струга

Претставниците од институтот за заштита на културното наследство не учествуваа на презентацијата на епохалните откритија во археолошкиот локалитет во струшко Корошиште. Ова за Алсат го потврди Весна Честоева, директорка на Дирекцијата за заштита на културното наследство. Дирекцијата била дел од постапката на овој проект, но не била информирана за текот на ископувањата, за што дознала преку медиумите.

Advertisements

Иако Управата за заштита на културното наследство не беше повикана да учествува, министерот Зоран Љутков беше пречекан од поранешниот директор на управата, Паско Кузман, осуден со правосилна одлука во случајот за криминал со артефакти. Ова го отвори сомнежот во јавноста за безбедноста на големите археолошки наоди во локалитетот во Корошиште.

Од Министерството за култура не одговараат на прашањето на Алсат во кое својство учествувал Кузман и дали е вработен во некоја од институциите во култура. Нема одговор ниту на прашањето дали е достоинствено лице осудено за кривично дело со артефакти да учествува на локалитет со епохални наоди што може да се случат за сто години.

Од Министерството за култура велат дека организацијата на манифестацијата ја направил Археолошкиот музеј од Скопје, но директорката на овој музеј вели поинаку, поточно дека настанот го организирал одделението предводено од Зоран Лутков. Директорката Честоева не сака да го коментира присуството на Кузман на археолошкиот локалитет, но се согласува дека треба да има поголема безбедност.

Честоева, потврди дека непосредно пред да бидат направени и презентирани откритијата, инспекторите на Управата за заштита на културното наследство извршиле увид, а резултатите ќе бидат соопштени на јавноста откако ќе биде подготвен извештајот./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button