РЕГИОН

Урош Блажиќ, кој лани уби деветмина во две села кај Младеновац, доби 20 години затвор

Специјалниот суд во Белград го осуди Урош Блажиќ на максимална казна од 20 години за масовните убиства извршени во мај 2023 година кај Младеновац, во близина на Белград, пренесува РСЕ.

На 20 години затвор е осуден и таткото на Урош, Радиша Блажиќ за недозволено поседување и носење на оружје, како и за тешко дело против општата безбедност.

Се работи за правосилна пресуда против која осудените можат да поднесат жалба.

Според обвинението, Урош Блажевиќ е обвинет дека на 4 мај 2023 година убил девет и ранил 12 лица. Најмладата жртва имала 14 години, а најстарата 25 години.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево минатиот месец му предложи на судот Урош да биде осуден на максимална затворска казна. Според законот, максималната затворска казна на која може да биде осуден е 20 години бидејќи обвинетиот сè уште немал 21 година кога било извршено делото, поради што не може да биде осуден на доживотен затвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button