РЕГИОН

Урсула фон дер Лајен загрижена за кризата во Косово

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на нејзината посета во Косово, рече дека е многу загрижена за кризата во северот од Косово и дека според неа, изнаоѓањето трајно решение меѓу Косово и Србија треба да се случи преку дијалог во Брисел. Претседателката на ЕК рече дека е многу поважно да се оди напред по европскиот пат.

„Морам да кажам дека сум многу загрижена за моменталната криза. Многу е важно да се смири ситуацијата, да се вратиме на преговарачка маса за да најдеме трајно решение. Единствениот начин на кој тоа може да се направи е преку дијалог олеснет од ЕУ, која е единствената платформа за решавање на актуелната криза“, рече фон дер Лејен.

Косовскиот премиер Албин Курти, во меѓувреме, го обвини српскиот претседател Вучиќ за провокативни изјави што резултираа со палење на два центри за регистрација на возила на северот од земјата на 25 септември. Курти, исто така, рече дека Србија од една страна добива донации од Европската Унија, а од друга страна е вооружена со оружје од Русија и Кина.

„За жал, ние сме во ситуација во која од една страна се прима помош и донации од Европската Унија, а од друга страна Србија, и покрај тоа што ги доби овие средства без да применува вредности, треба да биде демократизирана, а не милитаризирана од Русија и Кина“, рече Курти.

Премиерот Курти уште еднаш потсети на подготвеноста на косовската влада да ги намали тензиите со замена на специјалните сили со оние на КФОР и отстранување на барикадите, но таквиот предлог беше одбиен од градоначалниците на општините со мнозинство Срби во северно Косово. На тензиите во Косово претходеше одлуката на косовската влада од 20 септември дека возилата со српски регистарски таблички при влегување во Косово ќе треба да се отстранат и да стават привремени регистарски таблички, издадени од косовските власти. Владата на Косово ова го правда со воспоставувањето на реципроцитет бидејќи и Србија со години ја применува истата мерка за возила со косовски регистарски таблички.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button