ВЕСТИЗДРАВСТВО

Уште една европска земја најавува воведување задолжителна вакцинација

Белгискиот премиер Александар де Кро размислува за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, иако претходно изјави дека таквата опција би била нереална, особено за тој што доаѓа од Либералната партија и во принцип го почитува правото на секој да одлучи дали да се вакцинираат или не.

Де Крo во изјава за неделникот „Де Зондаг“ рекол дека се предомислил бидејќи фактите се смениле и оти сите се предомислуваат кога ќе се соочат со добри аргументи.

Во Белгија досега се вакцинирани околу 88 отсто од возрасните, што значи дека нешто повеќе од 10 отсто од возрасните не се вакцинирани.

– Целта е јасна: треба да ги вакцинираме сите. Ако може да помогне патот до задолжителната вакцинација, тогаш би сакал да ја разгледам таа можност – изјавил белгискиот премиер, нагласувајќи дека таква одлука не може да донесе владата туку парламентот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button