ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Уште се работи на Законот за легализација на дивоградбите

Непотпишаниот од претседателот Стево Пендаровски па повлечен од Собранието Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, се уште е во Министерството за транспорт и врски. Ресорниот министер Благој Бочварски вели дека Предлог законот по укажаните забелешки се доработува. Во периодот што следува, Предлог законот ќе биде испратен во владата за негово усвојување, а дури потоа ќе го достават до Собранието каде пратениците треба да го изгласаат доколку се согласат дека овој текст е добар.

„Во делот на заштитените подрачја имаме уште повнимателен пристап, со што верувам дека после носењето на конечната драфт верзија која што ќе оди до Собрание и потоа ќе ја информираме јавноста за конечниот текст“, рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Новиот Предлог закон за легализација на дивоградби не го потпиша претседателот Стево Пендаровски, по огромниот број на критики во јавноста и поради неколкуте спорни точки во текстот на законот. Инаку, овој Закон е донесен за време на владеењето на Никола Груевски и беше со времетраење од 10 години, но оваа влада реши да го продолжи рокот на важност. Планот е да важи за граѓаните кои имаат поднесено барање за легализација до 2018 година, а кои сè уште не успеале да ги легализираат објектите кои ги изградиле до 2011 година. Според информациите, останати се уште 140 илјади нерешени предмети за што веќе се доставени барања за легализација до општините. Досега легализирани се над 260 илјади објекти.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button