ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ќе ја разгледа уставноста на законот за јазици и промената на името

Уставниот суд на неколку подготвителни седници ќе ги разгледа аргументите на поднесувачите на иницијативата за разгледување на уставноста на указот на законот за јазици и указот за ратификација на Преспанскиот договор. Иницијативи има од неколку субјекти, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Светскиот македонски конгрес,  Солза Грчева и други личности.

Светскиот македонски конгрес го оспорува начинот на тоа како е усвоен законот за јазици. Спроведувањето на тој закон, според Јове Кекеновски, предизвика страшни последици.

Од Уставен суд велат дека го одложиле разгледувањето на тие иницијативи затоа што имало по приоритетни иницијативи.

Двата закона, и тој за јазици и ратификацијата на Преспанскиот договор беа усвоени по два пати со двотретинско мнозинство. Тогашната Влада го подржа објавувањето на законите во Службен Весник, само со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов одбиваше да ги потпише истите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button