ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд работи со шест наместо со девет судии

Уставниот суд работи со преполовен капацитет. Наместо девет, моментално судот го сочинуваат само шест уставни судии, што засега е доволно за Уставен да носи мнозински одлуки, но ако во наредните три месеца нема избор на уставни судии, пропаѓа и мнозинството. Во јануари му завршува мандатот и на судијата Јован Јосифовски, а нема избрано наследници ниту за судиите Сали Мурати, Никола Ивановски и Елена Гошева на кои веќе им заврши мандатот. Помалиот број на судии и сега може да создаде проблем при носење одлуки на Уставен.

И покрај краткиот период на извршување на функцијата претседател на Уставниот суд, сепак за мене се јасни предизвиците, проблемите и прашањата кои треба да бидат разрешени во идниот период. За голем број од нив, решенијата се содржани во анализите и дебатите кои беа остварени во рамките на овој проект и кој секако ќе бидат консултирани. Секако тоа ќе се случи откако составот на Уставниот суд ќе биде целосно пополнет, за што искрено се надевам дека ќе се случи во најскоро време и истиот ќе одлучува во полн состав – изјави Добрила Кацарска, претседател на Уставен суд.

Кацарска ова го кажа на конференција организирана од Институот за човекови права кои направиле анализа на работата на Уставниот суд.

Голема независност досега во одредени предмети не покажа Уставниот суд и мислам дека истите треба и во оваа насока да се коригираат. Политики има секаде во животот, меѓутоа не ваква политика во насока на вршење на пресија. Сепак тоа се уставни судии, тоа се судии коишто го штитат највисокиот акт – нагласи Маргарита Цаца Николовска, Институтот за човекови права.

Од Институтот исто така наведуваат дека се потребни интервенции во Уставот, како и во деловникот за работата на Уставен донесен уште во 1992 година. Измените пред се за да се овозможи поголема пристапност до Судот кога се работи за заштита на слободите и правата – прашања за кои како подносители да можат да бидат и правни лица и здруженијата согласно Европската конвенција.

Игор Стефановски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button