ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре албанската опозицијата и власта ќе се сретнат  за да изнајдат решение за Законот за државјанство

Во понеделник, премиерот Зоран Заев ќе го открие својот предлог за законот за државјанство до албанските опозициски лидери Зијадин Села и Африм Гаши. Како што изјави пред неколку дена, премиерот преку ретроспективна правна практика ќе бара деблокирање на Собранието од албанската опозиција. Заев ќе се повика на законот од 2004 година, кога над 2.500 Албанци добија државјанство преку две одредби за олеснување. Како и пред 16 години, ќе бидат поставени критериуми врз основа на кои ќе се добие државјанство.

Некои од критериумите се: наследство на државјанство од родители родени во Северна Македонија, преку брачно наследство, врз основа на дозвола за престој, преку привилегирачки одредби итн. Но, албанската опозиција ќе се фокусира и на прашањето за верификација од страна на безбедносните служби. Се дознава дека Села и Гаши ќе побараат безбедносната верификација да се намали на индивидуално ниво, а не на пошироко семејно и пријателско ниво. Според нив, ова ќе им помогне на лицата кои не се директно вклучени во извештаите на безбедносните служби и кои немаат државјанство, да ја отстранат пречката што ги остави без статус на државјани на Северна Македонија. Во случај да се постигне договор за нацрт-законот за државјанство, албанската опозиција ќе се откаже од блокадата на Собранието преку илјадници амандмани за неколку предлог-закони.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button