ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре без вода неколку улици во Скопје

Утре без вода неколку улици во Скопје

Поради уличен дефект ф -100 мм на улица „Димо Хаџи Димов“ 64, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Жито Маркет до крстосницата со улицата „Божидар Аџија“, дел од ул. „Божидар Аџија“ и ул. „Михаил и Ефтихиј“.

Од Регионален центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради замена на затворачи во резервоарот во Копаница, утре без вода ќе бидат и корисниците од населените места Копаница и Буковиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button