ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре блокада на влезот во Скопје кај Автокоманда од 7 до 10 часот

Утре блокада на влезот во Скопје кај Автокоманда од 7 до 10 часот

Утре од седум до десет часот синдикалците ќе го блокираат влезот во Скопје кај населбата Автокоманда. Ваква одлука, за радикализирање на протестите донело претседателството на ССМ, со образложение дека Владата не одговара на барањата за зголемување на платите во јавниот сектор.

Од ССМ за Алсат велат дека ова барање им е до крајот на овој месец. Потоа на работниците им следува задолжително зголемување или усогласување на платите согласно Законот за минимална плата во рок од шест месеци по растот на најниската плата.

„Голем дел од работниците се расположени да си ги бараат оние 18,4 отсто, односно процентот кој беше во замена на – од 15 илјади на 18 илјади денари минимална плата. Верувам дека ќе има многу тужби од страна на вработените, а особено во јавниот сектор и работникот едноставно ќе си го бара она што по закон му е загарантирано“, рече ИванПешевски Сојуз на синдикати на Македонија.

Синдикалците се оптимисти дека до крајот на идната недела решение со властите ќе има. Дотогаш штрајкот на работното место ќе трае и службениците своите обврски ќе ги извршуваат со минимум капацитети. Синдикатот најави дека секој ден ќе поставува блокади на различни локации.

„Утрешната блокада на влезот или излезот на главниот град ќе биде само една увертира од страна на синдикалците како еден нов начин на изразување револт кон институциите бидејќи не ги исполнуваат нивните барања за раст на платата којашто ја добиваат вработените во јавниот сектор. Потоа ќе следува и блокада на останатите влезови на Скопје, како и протести пред Владата, Собранието и останатите ресорни министерства кои се надлежни за решавање на нивниот проблем“, пренесува новинарот на Алсат М, Иле Петревски.

Јавниот сектор е во генерален штрајк веќе една недела./Alsat.mk

Новинар: Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button