ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре избори во Тетово, Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Утре избори во Тетово, Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Изборен молк низ земјава поради утрешното гласање во три општини: Тетово, Маврово-Ростуше и Центар-Жупа. Државната изборна комисија соопшти дека денеска гласаат 93 болни и инвалиди, како и 94 затвореници.

Во Тетово ќе се избира општинско собрание. Оваа општина отиде на предвремени избори за нов совет откако претходниот состав не ја изгласа завршната сметка на општината во законскиот рок. За 31 советничко место довербата ја бараат 403 кандидати од 13 кандидатски листи. Од Општинската изборна комисија велат дека се подготвени за гласањето.

„Вкупно, во општина Тетово право на глас имаат 84.406 лица кои ќе гласаат на 117 избирачки места. Општинската изборна комисија денеска го дистрибуираше доверливиот изборен материјал до сите избирачки места и се надеваме дека утре во 7 часот ќе започне процесот на сите избирачки места, како што предвидува Изборниот законик“, рече Назми Даути, претседател на општинска изборна комисија, Тетово.

Во општина Центар-Жупа и во Маврово-Ростуше ќе се гласа за нови градоначалници. Претходните обиди за избори таму пропаднаа бидејќи не беше исполнет условот барем 1/3 од гласачите да излезат на гласање. Во Маврово-Ростуше во трка се двајца кандидати, а право на глас имаат 9.948 граѓани. На гласачкото ливче во Центар-Жупа има само еден кандидат, а утре право на глас имаат 7.154 граѓани.

Избори за градоначалници
Општина Маврово-Ростуше 9. 948 гласачи
Општина Центар Жупа 7.154 гласачи/Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button