МАКЕДОНИЈА

Утре кулминација на летната горештина, па невреме и заладување!

Земјава се наоѓа во портокалова фаза поради високите температури кои денеска достигнаа 39 степени. Лекарите апелираат до граѓаните што помалку да се изложуваат на сонце, особено во пладневните часови. Од Првата помош велат дека уште повнимателни треба да бидат граѓаните со хронични заболувања и постарите од 60 години.

Поради високите температури, на компаниите им се препорачува да не ги изложуваат вработените на сонце напладне, да го намалат работното време, да ги ослободат од доаѓање на работа трудниците и хронично болните. Во спротивно може да им се изрече забрана за вршење на дејноста.

Додека надлежните институции препорачуваат да се избегнува движење на сонце, а особено да не се работи на сонце, не сите компании ја почитуваат одлуката.

Од трудовиот инспекторат велат дека од денеска се на терен и вршат контроли. Од Управата за хидрометеоролошки работи пак, најавуваат дека утре температурите насекаде ќе бидат над 35, а во југоисточниот дел од земјава ќе достигнат и до 42 степени. Потоа од викендов следува нестабилно време со пад на температурите.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button