ЕКОНОМИЈА

Утре оглас за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на еколошки уреди во возилата

Министерството за економија, согласно зелената агенда утре ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, информира на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Според огласот, како што појасни Бектеши, сите граѓани кои од утре ќе вградат ваков вид уред во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари.

 – За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди. Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката, објаснува Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button